Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.02.2020 20:38 - Како Павел Шатев го поништи „Бугаринот“ Гоце Делчев на Каракачанов и Стево Љубави
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1117 Коментари: 7 Гласове:
-2


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 https://denesen.mk/janevski-kako-pavel-shatev-go-ponishti-bugarinot-goce-delchev-na-karakachanov-i-stevo-ljubavi/

ЈАНЕВСКИ: Како Павел Шатев го поништи „Бугаринот“ Гоце Делчев на Каракачанов и Стево Љубави



 

 


image

Дарко ЈАНЕВСКИ

На 30 јануари беше годишнина од смртта на гемиџијата Павел Шатев. Човекот кој во 1944 година, на она „славно“ заседание на АСНОМ во декември, кога Кардељ го постројува Колишевски велејќи му дека Македонија малку сторила во војната, па сега треба да ги стигне другите во бројот на мртви праќајки ги македонските војници на Срем, е избран во Президиумот, а потоа станува и министер во Владата на НРМ. И на тоа место останува и откако е донесен Уставот на НРМ во кој пишува дека „Македонија е држава на македонскиот народ…“

Истовремено, некои портали пренесуваа изјава на Драги Ѓоргиев, шефот на преговарачите за нашата историја со Бугарија (пак Ѓоргиев во прв план, додека тие што ни пишуваат историја со Грците и натаму мирно си работат), во која одново се вели (парафразирам) дека Гоце се пишувал како што се пишувал (Бугарин), но дека тој е и наш. И следеше вчерашната триумфална посета на Каракачанов на Битола (ред се ределе луѓе за автограм од Каракачанов) во која тој истакна дека националноста на Гоце ја одредил тој самиот и дека за тоа доволно е да се погледнат документите, алудирајќи на тоа дека Гоце е Бугарин.

Каква врска има споменувањето на Шатев со Гоце Делчев и Каракачанов? Едноставно, нели, што би рекол Бубе на Снешка, врската ја градат токму атентатите во Солун во 1903-та, неговото заточеништво во Фезан до 1908 г. и неговото членство во Президиумот на АСНОМ и во Владата на Македонија.

Имено, ако ги погледнете неговите спомени за Солунските атентати и пустинскиот „одмор“ во Фезан до 1908 г. и амнестијата од султанот, ќе наидете на термините „Бугари“, „Бугарин“, „бугарски села“ итн. И ако Шатев не ги преживеал тие години, гледајќи ги неговите записи, ќе можеше некој си Каракачанов и за него да тврди дека е Бугарин и дека за да се уверите во тоа треба само да ги погледнете пишаните документи.

Арно ама, „проблемот“ настанува кога тој Шатев „Бугаринот“ ги преживува тие години, ја дочекува Втората светска војна и потоа станува член на Президиумот на АСНОМ и министер. Како може Шатев „Бугаринот“ да стане министер во Влада која работи врз основа на Устав во кој постои само „македонски народ“, како може да биде член на Президиумот на АСНОМ како Македонец врз основа на чии документи е напишан Уставот од јануари 1946 г., би требало да биде нејасно. А всушност е прилично јасно, исто како што е јасно и за Брашнаров, како што е јасно и за Ќосето кој му пишува писмо на Колишевски и со кое изразува надеж за скоро обединување на „македонскиот народ“, а не на бугарскиот. Е сега, кои документи да ги гледаме за нив?

Ако работите ги гледаме со очите на Каракачанов и на дел од нашите историчари (за Заевци и компанија и да не зборуваме) или ако гледате работите со очите на Стево Пендаровски кој уште не пораснал доволно за да ги сфати овие нијанси, имаме ваква ситуација: Гоце и Борис Сарафов кои им дале пари на гемиџиите во Солун за да ги извршат атентатите (најмалку 200 лири) се Бугари. Бугари се и сите гемиџии односно атентатори кои тогаш загинале или се самоубиле. Но атентаторот Шатев кој преживеал, е тој е Македонец, бидејќи инаку не би учествувал во АСНОМ, ниту во Владата на НРМ. Хм, ова нема баш логика, нели? Како што нема логика ни дека Гоце е Бугарин, а неговата десна рака, Ќосето, Македонец, ако се суди според писмото односно телеграмата до Колишевски. Истиот Ќосе кој во спомените исто така зборува за Бугари. А, него, Шатев, Брашнаров, тешко дека некои комунити на сила ги натерале од Бугари да се прекрстат како Македонци.

Еден пријател од Институтот Крсте Мисирков обично велеше дека ние сме до толку глупави, што со денешни очи сакаме да ги гледаме и толкуваме луѓето од пред 100 и повеќе години. И така влегуваме во грчко-бугарската замка. А, тоа не бива. Зашто сите тие живееле во време кое има свој контекст, а тој контекст не е запишан во нивните документи, сведителства и сл. Некој, можеби тоа бил самиот Каракачанов, рекол дека Гоце да не бил Бугарин, не ќе учел во бугарско училиште. Што Шатев го прави Белгиец, бидејќи во Брисел студирал на Правниот факултет, а Даме Груев Србин бидејќи, меѓудругото се има школувано и во Белград. А, Колишевски, Киро Глигоров и уште редица други, пак, истовремено се и Срби и Бугари и Македонци што е веројатно редок пример во историја на човештвото.

Се разбира, на Шатев не му се допаѓа политиката на Колишевски, тој и Брашнаров дури пишуваат и писмо во кое бараат поблиски односи со Бугарија и сметаат дека Македонија се србизира, но независно од тоа, човек со цврсто бугарско национално чувство, не би бил член на тела во Македонија кои поаѓаат од тоа дека Македонија е држава на македонскиот народ, ако тој народ е измислен. И тука завршува сета приказна и за тоа кој бил Гоце, што биле другите Илинденци (најдобар одговор за ова има во книгата на Кочо Топузовски за илинденците („Ветераните на Илинден“) кои нели, според сегашните толкувања биле Бугари, а кои по војната почнуваат да бараат пензија од македонската држава како Македонци итн. (јако некое бугарско чувство кое го трампаат за 1000 тогашни динари без намера да се отселат од таа „клета“ Македонија која им „забранува“ да бидат Бугари, зар не?). Патем, ако веќе некој се повикува на документи, ете ги документите и во споменатата книга на Топузовски. А таму, ред се редат илинденците како Македонци.

Впрочем, ако ги гледате работите без контекстот во кој се одвивале, ако контекстот го замените само со документи (и тоа само со тие кои ви одговараат), тогаш сите овие што денес имаат БГ државјанство се Бугари, но не и Македонци. Но, исто така има документи и дека се Македонци, па тоа ги урива бугарските документи. А, ако ги прашате Грците, тие што се Македонци се всушност Грци, па тоа ги урива првите два вида бугарско-македонски документи. А, Грците, еве прашајте ги научниците низ светот, како најстара демократија мора да знаат, нели?

Всушност, на прашањето што бил Гоце има само еден одговор: тогаш кога Каракачанов ќе постави негов споменик во Кукуш и кога ќе каже дека таа територија на која се наоѓа стариот, но и новиот Кукуш историски е бугарска и дека таа територија на сила е освоена од Грција (а Грците тоа ќе му го одобрат како на брат од ЕУ) ќе може и нам да ни продава „такво“ за бубрези. Дотогаш, Каракачанов останува само пајташ на овдешните наши сили кои „блескаат“, а Гоце Македонец, роден во Кукуш, кој Грците до темел го уриваат кога во 1913 г. за прв пат во нивната историја, стапнуваат на тоа тло.

  



Гласувай:
0



1. schumpov - Александър Македонски македонец ...
02.02.2020 21:44
Александър Македонски македонец ли е, грък ли е, северомекедонец ли е? Защо не се е казвал Александър Филипов , на бащиното си име, Александър Филиписис, Александър Филипич или пък Александър Филипичовски? Ако направим историчарска справка ще установим, че когато Олимпия го е заченала, баща му Филип не си бел в къщи при нея, бил на война. И понеже не се знае кой е точно баща му, го нарекли Македонски, та от тогава и до днес тази традиция се спазва.
цитирай
2. dinkov - Динков
02.02.2020 23:30
intelect - кратък виц
Гоце Делчев не бил българин. Ама той не знаел : ))))
Поздрав
Ицко
цитирай
3. intelect - Динков по кој пат го пишуваш истото. ...
04.02.2020 17:34
Динков по кој пат го пишуваш истото...препрочитајсиги коментарите...
цитирай
4. dinkov - Динков
05.02.2020 02:32
intelect - ами коментарите ми са верни, вицовете също затова ги преповтарям, защото са истински.
Поздрав
Ицко
цитирай
5. intelect - Добро јас па помислив дека толку е ...
05.02.2020 22:51
Добро јас па помислив дека толку е капацитетот па затоа така,значи да не берам гајле ко ќе можиш пиши го вицот пак 😉
цитирай
6. get - - хМ :)) - за тогава МОЖЕ И ДА Е ПРАВИЛНО "МАКЕДОНСКИ" - ама за СЕГАШНАТА ... ?
14.02.2020 11:18
schumpov написа:
Александър Македонски македонец ли е, грък ли е, северомекедонец ли е? Защо не се е казвал Александър Филипов , на бащиното си име, Александър Филиписис, Александър Филипич или пък Александър Филипичовски? Ако направим историчарска справка ще установим, че когато Олимпия го е заченала, баща му Филип не си бел в къщи при нея, бил на война. И понеже не се знае кой е точно баща му, го нарекли Македонски, та от тогава и до днес тази традиция се спазва.


... Македонска дръжава и народ ... по ще приляга за фамилия на Александър - Великиот ... да се зове КОМИНТЕРН(ов)СКИ ?

Повече по въпроса на адрес:
https://en.wikipedia.org/wiki/Resolution_of_the_Comintern_on_the_Macedonian_Question

И в издавания от руската държава вестник „Македонскій Голосъ“! - Коуто ДЪРЖАВА никога НИТО КАТО РУСИЯ, НИТО КАТО СССР - нямала за цел РЕШАВАНЕ НА "МАКЕДОНСКИЯ ВЪПРОС"?
цитирай
7. shtaparov - Понищил ти е акъла псевдомакедо...
15.06.2021 06:02
Понищил ти е акъла псевдомакедонски!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378251
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031